Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ОВА НЕ ГО МОЖЕ СЕКОЈ – шокантни информации што прават глумците

Уште кога Роберт де Ниро реши да се здебели 27 килограми кога го играше боксерот Џејк Ламоту во „Бесниот бик“ (1980), стана вообичаено актерите и актерките да се здебелат за да бидат што поубедливи во некоја улога. Прашање е како успеале да го сторат тоа за релативно краток временски период.

Знаеме што сакаш да кажеш. Дали треба некој огромен напор за мажот да се здебели, би рекле многумина од вас? Па, ако треба да добиете неколку килограми, да, сигурно не е тешко. Сепак, многу потешко е да се променат радикално навиките во исхраната толку многу што по неколку месеци прејадување ќе се претвориш од витка во дебела личност. Ова е токму она што следните актери успеаја да го сторат во еден период од нивната кариера, а во следните редови ќе ви откриеме како

Џеред Лето – Поглавје 27 (2007)

Во Поглавје 27, Џеред Лето го играше Марк Дејвид Чепмен, човекот кој го уби Џон Ленон. За да изгледа што е можно поверодостојно, Лето се здебелил дури 30 килограми со консумирање на неколку литри стопен сладолед, помешан со соја и маслиново масло, секоја вечер.

Колин Фарел – Јастог (2015)

За улогата во филмот „Јастог“, Колин Фарел се здебели 20 килограми за два месеци. Ова го постигна со внесување на дури 4.000 калории во неговото тело секој ден. Тој исто така престана да вежба и да се движи, па неговата сестра имаше задача да го вози каде и да требаше да оди.

Кристијан Бејл – Американска измама (2014)

Ако сте го гледале филмот „Американска измама“, сигурно сте забележале дека Кристијан Бејл има стомак, што е одличен контраст со неговата типична витка фигура. За да изгледа како стокилаш во овој филм, Бејл, според него, морал да јаде сè што ќе му се најде, но најмногу крофни и чизбургери.

Шарлиз Терон – Чудовиште (2003)

Шарлиз Терон беше наградена со Оскар во 2004 година за улогата на серискиот убиец Ајлин Вунро во филмот Чудовиште. Таа беше непрепознатлива под слоевите на шминка во овој филм, а исто така беше и забележливо полна од вообичаеното. Имено, овој поранешен модел се здебели 14 килограми за потребите на оваа улога. Терон подоцна изјавила дека јадела многу јаглехидрати во тоа време и дека дури чувала макарони и сирење покрај креветот за да може да стане среде ноќ и да ги изеде.

Џорџ Клуни – Сиријана (2005)

Џорџ Клуни ја објасни својата физичка трансформација за потребите на филмот Сирин со следниве зборови: „Мојата работа беше да јадам што е можно побрзо и колку што можам, практично да јадам додека не забележам дека ќе повраќам ако ставам нешто друго во устата. Така, еден месец имав задача само да јадам“. Во тој период, Клуни консумирал девет оброци на ден, благодарение на што успеал да се здебели 14 килограми.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...