7 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

И НА ДЕНОТ НА СВАДБАТА СЕ ВО ЛАБОРАТОРИЈА: Неверојатен успех на брачната двојка што стои зад новата 90% успешна вакцина

Неверојатен успех се позитивните податоци за вакцината против КОВИД-19 на „BioNTech“ и американскиот партнер „Pfizer Inc“, за брачната двојка што стои зад германската фирма за биотехнологија, кои своите животи ги посветиле за користење на  имунолошкиот систем против ракот. 

Компанијата „Pfizer“ во понеделникот соопшти дека нејзината експериментална вакцина е повеќе од 90% ефикасна во спречувањето на КОВИД-19, врз основа на првичните податоци од големото испитување, според Ројтерс.
Тие се првите производители на лекови „Pfizer“ и „BioNTech“ кои покажаа успешни податоци од широкото клиничко испитување околу вакцината за коронавирус.

Досега не се најдени сериозни проблеми во врска со безбедноста и очекуваат да добијат дозвола за употреба од американските здравствени власти кон крајот на месецот, соопштија компаниите.Извршниот директор на „BioNTech“, од син на турски имигрант кој работел во фабриката на Форд во Келн, 55-годишниот Угур Сахин, сега меѓу 100-те најбогати Германци, заедно со неговата сопруга и другиот член на одборот Озлем Туеречи (53) според „Welt am Sonntag“.

И покрај неговите достигнувања, тој никогаш не се смени и тојостана премногу скромен, рече Матијас Кромајер, член на управниот одбор на фирмата.

Следејќи го својот сон од детството да студира медицина и да стане лекар, Сахин работел во наставни болници во Келн и југозападниот град Хомбург, каде што се запознал со неговата сопруга за време на почетоците на нејзината кариера.

Туереци, ќерка на турски лекар кој мигрирал во Германија, во интервју за медиумите изјави дека дури и на денот на нивната венчавка, двајцата пронашле време за да работат во лабораторијата.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести