Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Градоначалникот на Вевчани ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид 19. Информацијата доцна синоќа ја сподели на социјалната мрежа фејсбук.

Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје, порача Јанкоски.

Во моментот во Вевчани активни се 25 случаи позитивни на коронавирусот. Дел од нив се третираат во дневната амбулатна во Здравствен дом Вевчани, а некои се на домашно лекување.

Директорот на установата Јован Стојковски информира дека на ниво на Здравствен дом Вевчани, односно во дневните амбуланти во Вевчани и во Лабуништа се третираат 30-тина пациенти.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...