Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Обвинение и за третиот УБИЕЦ НА САЗДО

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за убиството на Никола Саздовски Саздо и достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

-Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше раздвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, на 29.06.2018 година на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Тие му пристапиле на оштетениот на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите „А ти си тој Никола Саздовски викан Саздо“, по што сите тројца заедно започнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот, по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски западнал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на 09.07.2018 година на Одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ, информираат од ОЈО.

Со Обвинителниот акт јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...