Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЖИВОТОТ ЌЕ НИ СЕ ВРАТИ ВО НОРМАЛА НА ПРОЛЕТ

По објавата на Фајзер за новата вакцина, сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот антикорона кризен штаб, изрази верување дека „животот треба да се нормализира до пролет следната година“.

– Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија, туку и во многу други земји, нагласува Би-би-си.

Тој изрази ентузијазам по објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но оти тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за Би-би-си на Радио 4, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има „повеќе од една вакцина“ во Велика Британија.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...