Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЕВЕ КАКО ДА ПОСТАПИТЕ АКО СТЕ БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕН ОД КОВИД-19 – Еве што советуваат докторите

Ако сте биле во контакт со личност која е позитивна на коронавирусот, сигурно размислувате како треба да постапите. Универзалниот совет е да се изолирате, без оглед на тоа дали имате симптоми или не, имајќи предвид дека инкубацијата може да трае од 2 до цели 14 дена.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) препорача да се тестирате во следниве случаи:

Ако сте биле изложени на вирус, веројатно нема да развиете симптоми веднаш – може да поминат најмногу две недели пред да се појават првите знаци на болест. Да ве потсетиме, најчести симптоми се висока температура, кашлица, губење на чувство за мирис / вкус, отежнато дишење, болка во мускулите и телото, главоболка…

Сепак, треба да почекате до тестот, бидејќи ако направите тест веднаш откако сте биле изложени на вирусот, можно е тестот да биде негативен, без оглед дали сте заразени или не, предупредува експертот за инфективни болести на Универзитетот од Хопкинс, Амеш А. Адалја.

Ова се должи на фактот дека е потребно да се има одредено вирусно оптоварување, односно количина на вирус во организмот со цел тестот да детектира вирус во вашето тело.

Лажен негативен тест може да биде опасен затоа што можете да го ширите вирусот наоколу дури и без да знаете бидејќи ќе сметате дека сте направиле тест и е се во ред.

Адалја советува да почекате најмалку четири дена пред да направите тест за вирусот да има доволно време да се акумулира во вашето тело доколку сте заразени.

Ако вашиот тест се покаже позитивен и се чувствувате добро, треба да се изолирате, а доколку е тест негативен, не заборавајте да водите грижа за време на периодот на инкубација, советува Томас Русо, шеф на Одделот за заразни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк.

Студија на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека повеќето луѓе развиваат симптоми пет дена откако биле изложени на вирусот и често се најзаразни првите два дена пред да развијат симптоми и до еден ден по почетокот на симптомите.

ЦДЦ не издаде официјални упатства за тоа кога треба да бидете тестирани, а лекарите имаат различни мислења.

Луис Нелсон, раководител на Одделот за итна медицина на Медицинскиот факултет „Рутгерс“ во Њу Џерси, препорачува да почекате за тестирање – сè додека не развиете симптоми.

Иако во некои случаи не е оптимално да се чекаат симптоми, тоа е можеби нај практичниот одговор, рече тој за порталот „Превенција“.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...