Пред неколку дена извршители тропнаа на вратата на Аца Лукас со цел да му одземат имот поради долг кон бизнисменот Дејан Поповиќ Тигар.
Пејачот прозборе за долгот, како и за конфликтот со Тигар. Тој објасни дека платил 80.000 евра за долг од 40.000.
– Животот ми е транспарентен, се коцкав, заработувам многу … Пред некое време зборував за зеленашките заеми, никој не не влечеше за уши и ги прифативме каматите и се. Го познавав, му зедов 40.000 евра, затоа што се коцкав и сега можам да кажам дека зедов со камата. За 10 месеци вратив 80 000 евра. Отидовме на суд, но напишавме дека зедов 80 000 и дека ќе ја вратам таа сума. Ги вратив парите, ние бевме дури и во добри односи, но по 2, 3 години односите се заладија и од медиуми дознав дека ме тужи за 80.000 евра затоа што таа хартија остана кај него, јас не ја зедов. Дури и донесе „сведок“ да каже дека не сум ги вратил парите, рече Лукас.
Тој исто така тврди дека Поповиќ му дал пари на сведокот за да сведочи лажно.
– Нема да ги дадам тие пари затоа што веќе ги дадов! Цел живот имав долгови и ги отплаќав, нека кажат сите ако има некој што не сум го вратил – нема да му вратам дури и да ме убијат! Имам сведоци, ќе побарам повторно судење и ќе го тужам „Имам многу сведоци и ќе се борам“, рече Лукас.