Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ХАОС И ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ – камења, солзавци и шок бомби на сите страни

Грчката полиција употреби солзавец откако демонстрантите ги гаѓаа со камења за време на протестите во Солун во врска со воведувањето нови ограничувачки мерки против ширењето на вирусот корона.

Демонстрантите повикаа на ставање крај на спроведувањето на локалните вонредни мерки во Солун, како и оние на државно ниво, кои ќе стапат на сила во Грција денес.

Повеќето од приближно 150 демонстранти не носеле заштитни маски или не ги носеле неправилно.

Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и шишиња, при што повредија двајца. Полицијата одговори со солзавец и ги растера демонстрантите, пишува порталот „Грикрепортер“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претходно најави дека од утре започнува спроведувањето на новите итни мерки во целата земја.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...