Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ВУЧИЌ: Честитки за Бајден, но верувам дека за Србија ќе беше подобро да победеше Трамп

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес му честиташе на Џо Бајден за избран за претседател на Соединетите држави.

Претседателот го стори тоа преку неговиот профил на Твитер, на српски и англиски јазик.

– Искрени честитки за Бајден за изборот за претседател на Соединетите држави. Ви посакувам мудрост и решеност да се соочите со постојните предизвици во корист на Америка и светот. Се надевам на продолжување на добрата соработка со вас, како што имавме со Доналд Трамп, за што сум многу благодарен, пишува Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата вечерта рече дека ќе му честита на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, но дека верува дека за Србија ќе било подобро ако победел Доналд Трамп.

„Мислам дека ќе беше подобро за Србија, поради политиката кон Косово, ако победеше Трамп“, рече Вучиќ пред новинарите за време на посетата на градилиштето на јавната болница во предградијата на Белград, потсетувајќи дека Бајден „го поддржа бомбардирањето на Србија во 1999 година“.

„Никогаш не сум кажал ниту еден лош збор за Бајден, а го познавам подобро од Трамп. Го имам видено четири или пет пати, со Трамп едвај двапати. Реков и мислам и вечерва дека ќе беше подобро за Србија ако победеше Трамп“, рече Вучиќ.

„Сакате да ме натерате вечерва да му се улижувам и увлекувам на Бајден? Нема. Ќе му честитам – и тоа е тоа, но нема да зборувам лошо за Бајден, ќе се обидам да остварам најдобра можна соработка. Ќе му се заблагодарам на Трамп за сè што направи за Србија“, рече Вучиќ.

Слични ставови на српските официјални лица можеа да се слушнат за време на кампањата и гласањето на претседателските избори во САД.

„Ќе ни беше полесно ако продолжеше политиката на сегашната администрација на САД“, рече новоизбраниот претседател на српскиот парламент и до неодамна министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за време на кампањата.

Коментирајќи ги изборите во САД во контекст на решавање на косовското прашање, Дачиќ рече дека „дојде до подобрување на позицијата на Србија во врска со Косово“.

„Би се кладел на Бајден затоа што тој има поголеми шанси, но му се молам на бога да победи Трамп. Но кој и да победи, ќе се снајдеме“, рече Дачиќ во почетокот на оваа недела, во пресрет на резултатите од претседателските избори во САД.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...