Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Хашкиот трибунал издаде налози за апсење на припадници УЧК во Албанија

Налози за апсење од Хашкиот тробунал може да бидат издадени и за албански државјани кои живеат во Албанија, јави Топ чанел телевизија.

Дипломатски извор добро упатен со развојот на настаните во овој случај, за новинарот на Топ Чанел Мухамед Велиу изјавил дека последните апсења на поранешни високи лидери на ОВК на Косово се само почеток на долгиот бран апсења на луѓе, кои ќе мора да се соочат со воени злосторства.

-За време на косовската војна албанската држава,на нејзина територија дозволи подигање на затвори на ОВК, каде што е докажано дека се случиле злосторства. Затоа постои голема веројатност, специјалните обвинители да ги продолжат апсењата на одговорни лица во Албанија, изјавил дипломатскиот извор.

Според телевизијата во целосниот документ за обвинение, познат како Анекс 3, објавен вчера од Специјалниот суд во Хаг, покрај затворите на ОВК во Косово, се наведуваат и три затвори на територијата на Албанија, во Кукс, Хас и кај Тропоја, каде обвинителите велат дека се извршени воени злосторства.

Овие затвори на албанска територија, покрај војниците на ОВК, ги чувале и албански граѓани од северните области кои се приклучиле кон ОВК.

– Ако обвинителите сакаат да апсат албански државјани, тогаш ќе бидеме пред сценариото за обврска на Албанија да прифати продолжување на дејноста на овој суд на територијата на Република Албанија,наведува телевизијата.

Додава дека постојат неофицијални податоци дека хашките обвинители во истражното досие имаат одлука на албанската влада од 1998 година, потпишана од сите тогашни министри, за вооружување на ОВК и давање на користење на бази за заднински цели во североисточниот дела Албанија.

– Ова е воедно и најпроблематичниот дел кој ја вклучува Албанија во оваа истрага затоа што со одлуката на владата од тоа време беа дозволени олеснувања за ОВК од снабдување со оружје и обезбедување кампови за обука, одобрила отворање на три затвори каде, според обвинителите, од тортурата починале многу лица,наведува Топ чанел.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...