5 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ШТО НЕМА ДА ИМ ТЕКНЕ: Погледнете на што се рекламираат политичарите во БИХ

Откако печените јагниња на ражен испаднаа од игра, кандидатите во Босна и херцеговина наоѓаат нови можности за освојување на гласови.

Кризата си го направи своето, па сега се удри на скромност и затоа кандидатите се рекламираат на  паштети, вода и еурокрем.

Така, кандидатот за советник на СНСД во Брод, Даниела Ѓукиќ, во својот промотивен материјал има нов вид на Еурокрем, со кој очекува да освои гласови.

Нејзиниот сопартиец од Градишка, Александар Рапиќ, кој покажа уште поголема иновативност, па на своите потенцијални гласачи им се нуди на паштети, а нуди и заштитни маски со редниот број со кој кандидат за советник. 

За освежување пак се погрижи Обединета Српска која на гласачите во оваа предизборна кампања им нуди флаширана вода со логото на партијата.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести