Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ОВА ГО НЕМА НИ ВО ФИЛМ: Фрлале дрога од прозори додека БЕГАЛЕ ОД ПОЛИЦИЈА

На 05.11.2020 година во 22: 40 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, се лишени од слобода Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...