20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски не собра храброст да соопшти дека бега од избори

Раскол на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – соопштение без став

На состанокот на Извршниот Комитет имало спротиставени ставови. Дел од присутните аргументирале дека Америка има избори во услови на Ковид-19 и оправдувањето со корона нема да помине. Во нивниот настап истакнале дека не е “вмровски” да се бега од избори. Аргумент плус било тоа што ВМРО во Штип победило на претходните парламентарни избори и требало да се искористи оваа шанса да се сврти атмосферата. Според нив не смеело ВМРО да се откаже од штипјани и тие да се да се остават на немилост на СДСМ.

Мицкоски жестоко се спротиставил и заедно со потпретседателите Николоски и Мисајловски и пратеникот Милошоски застанале зад идејата за бојкот.

После долга и тензична дискусија одлучено е да се добијат уште неколку дена на време со тоа што ќе се постави рок од 3 дена за договор со СДСМ за одложување на изборите.

На прес-конференција не се појави Мицкоски кој бил исклучително нервозен после состанокот туку Дафина Стојановска.

  • Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови. Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат се до обезбедување на пристојни и нормални услови за функционирање и фер изборна кампања, што беше и едногласен став на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Стојановска.

Слаб медиумски интерес за Мицкоски

Забележително остана дека на прес-конференцијата не се појавија многу од медиумите како Телма, Канал5, ТВ 24, но не се појавија ниту редовните на опозициските пресови, како Инфомакс и ТВ Алфа, дали ова е резултат за проблемите со финансирањето и каснењето со плати за што предходно пишувавме останува да видиме.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести