Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЧЕТВОРИЦА УАПСЕНИ ВО ТЕТОВО: Направиле еден куп кривични дела

Четворица мажи се приведени од полицијата во текот на вчерашниот ден како осомничени за повеќе различни дела. Еден е за извршена тешка кражба, двајца за  носење оружје и едно лице за закани кон сопругата.

– Околу 13.00 часот лишен од слобода е М.К.(35) од Тетово поради сомнение дека сторил кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.  При претрес, извршен со судска наредба во неговиот дом, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од овие кривични дела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

По пријава на 33-годишна жена од Тетово, приведен е нејзиниот 50-годишен сопруг кој ѝ се заканувал.

Вечерта во 21.15 часот. во близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Ј.Ќ.(41) од тетовско Нераште и И.А.(61) од Тетово.

– При нивен и преглед на возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Н.Т.(39) од Тетово, кај нив биле пронајдени два ножа, информира тетовската полиција.

Против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...