Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СТРАШНО: Американски научници открија нова БОЛЕСТ – ЗА ОВА ЛЕК НЕМА, 50% СМРТНОСТ

Болеста, наречена VEXAS – „вакуоли, ензим Е1, Х-поврзан, автоинфламаторен и соматски синдром“, главно ги погодува белите дробови и имунитетот и предизвикува силни згрутчување на крвта.

Научниците од американскиот Национален институт за здравство (NIH) ја откриле болеста VEXAS за време на анализата на геномските низи на повеќе од 2.500 луѓе на кои им биле дијагностицирани белодробни заболувања. Споредувајќи ги геномските низи, тие откриле дека 25 возрасни мажи имале специфични мутации во генот UBA1, за кој се верува дека е извор на болеста.

  • Наместо да бараме клинички сличности, ја искористивме предноста на геномските сличности што ни помогнаа да ја откриеме оваа нова болест – рече Даниел Кастнер.

Она што најмногу загрижува е податокот што вели дека новооткриената болест е „опасна по живот“ и дека 40 проценти од пациентите кои ја имаат починале, а таквата висока стапка на смртност се припишува на „разорните последици од сериозната состојба“, се вели во соопштението на NIH.

Кастнер објасни дека пациентите кои страдаат од болест VEXAS стануваат многу болни и не реагираат на каков било третман, од високи дози на стероиди до разни третмани со хемотерапија.

најчитани вести

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...