Дејан Матиќ се криел во подрумот на ресторан за време на терористичкиот напад во Виена! Кобната вечер, пејачот излегол во градот со сопругата Јелена и пријателите, не знаејќи дека џихадистите ќе го извршат нападот.
Одлучиле да се забавуваат бидејќи полицискиот час стапуваше во сила следниот ден поради коронавирусот, а се претвори во хорор.
– Бевме во еден ресторан на еден пријател, и штом слушнавме што се случува, се спуштивме во подрумот и чекавме да поминат нападите – вели Дејан Матиќ.
– Нападот започна во 20 часот, а еден час подоцна дознавме што се случува. И тогаш се слушаа сирени, настана општ хаос. Паника се прошири на социјалните мрежи и тогаш пријателот не однесе во подрумот на ресторанот. Се чувствував како да сме во засолниште бидејќи војната започнуваше. Некои беа исплашени, но јас бев прилично смирен.
Тој додава дека најдраматичен момент од вечерта бил кога се проширила веста дека терористите се движат кон местото каде што се наоѓал ресторанот .
– Слушнавме дека напаѓачите се упатувале кон округот во кој сме. Потоа, еден човек, бегајќи од терористите, влета во ресторанот. Тој беше блед како партал, преплашен и нем. Не можеше да каже ништо – се сеќава Дејан на застрашувачките сцени.
