Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МАКЕДОНСКА УБАВИНА: Балканскиот рис „ПОЗИРАШЕ“ на Галичица

Загрозениот вид Балканскиот рис деновиве повторно е фотографиран во Националниот парк „Галичица“, каде не беше забележан со децении. Како што информира Македонското еколошко друштво, рисот е фотографиран од камера-замка која е поставена во рамки на истражувањата кои се спроведуваат во Преспанскиот регион со проектот „Прекугранична заштита на регионот Преспа.

Балканскиот рис, после подолго време, прв пат беше забележан на Галичица во средината на минатиот месец, и тоа благодарение на опремата која беше инсталирана во националниот парк.

Балканскиот рис е критично загрозен вид. Бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и, според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата, тој е на праг целосно да исчезне од нашата фауна. Причина за тоа се криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите живеалишта.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...