Извршители тропнале на вратата од станот на Аца Лукас на Вождовац. Тие дошле да направат заплена на имотот заради долг кој пејачот го влечкал веќе подолго време. Наводно станува збор за нерасчистена сметка со извесен Дејан Поповиќ – Тигар со кого пејачот бил и на суд, а се работи за сума од околу 100 илјади евра.
Извршителите наместо да го обават она по што дошле, биле сведоци на немил настан. На Лукас толку му се слошило, што морала да интервенира и екипа на итната медицинска помош. Лекарите на присутните им рекле дека Лукас има висока температура и почнал да се гуши. Пејачот одбил да направи тест, туку рекол дека тоа ќе го стори во приватна лабораторија. Извршителите набрзо ја напуштиле зградата во која живее пејачот без да си ја завршат работата.

