Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве што значат РЕПУБЛИКАНСКИОТ СЛОН и ДЕМОКРАТСКОТО МАГАРЕ

За време на сите избори во Америка, гледаме разни карикатури и илустрации на слонови и магариња, кои го симболизираат политичкото ривалство меѓу републиканските и демократските партии во САД.

Дали знаете зошто овие две животни се избрани за симболи на двете најсилни партии?

За се е виновен политичкиот карикатурист Томас Наст.. Во втората половина на 19 век, политичките карикатури биле многу популарни во САД. Се уште немало фотографии во весници, па уредниците се потпирале на цртежи на политичари, кои честопати не биле воопшто поволни.

Многу карикатури биле многу сурови, прикажувајќи ги политичките противници како свињи, кучиња, волци и секакви други животни со непријатни карактеристики.

Иако фигурата на магаре се користела уште во 1828 година, кога политичките противници му го дале прекарот на американскиот претседател Ендру Џексон поради неговата наводна тврдоглавост, карикатуристот Томас Наст е првиот кој ја поврзал оваа фигура директно со Демократската партија.

Во 1870 година во неделникот „Харперс викли“,  Наст објавил цртеж на магаре како задник на мртов лав, што го симболизирал тогаш починатиот Едвин Стантон, воен секретар на Линколн. Наст сакал магарето да ги симболизира противниците на војната, со чии ставови не се согласувал, но јавноста го поврзала магарето со Демократската партија и – така остана до денес.

Што се однесува до слонот како симбол на Републиканската партија, интересно е што и Томас Наст е негов кум. Иако слонот претходно бил поврзуван со републиканци, Наст повторно објавил карикатура во „Харперс викли“ во 1874 година со цртеж на слон на кој пишувало „Републикански гласови“.

Во следните години, демократите и републиканците се повеќе ги користеле магарето и слонот како симбол на двете партии, нагласувајќи ги што повеќе им одговараат. Републиканците го сметаат магарето за тврдоглаво, глупаво и смешно, додека демократите тврдат дека магарето е скромно, интелигентно и храбро домашно животно, лесно е да се сака. Од друга страна, демократите го сметаат слонот како слабо, глупаво и помпезно животно, додека републиканците сметаат дека е достоинствено, силно и паметно.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...