Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Го болел грбот секојдневно, па отишол на снимање: Кога стигнала снимката, лекарите останале без зборови !!!

Маж стар 38 години ги оставил лекарите без зборови, а неговиот случај е објавен во стручен магазин. Мажот од Бразил отишол на преглед во болница во Сао Паоло заради болка во долниот дел од грбот. Верувал дека проблемот е дискус хернијата и сакал да се сними, но снимкаат покажала нешто друго. Всушност тој имал дискус хернија, но и три бубрега со кои бил роден, а за тоа всушност не ни знаел. Левиот бубрег му бил во ред, но се покажало дека има два споени десни. Уринарните канали, односно уретрите му биле споени на влезот во бешиката.

„Никогаш не сме виделе ништо ни слично на ова. Останавме без текст. Прво се загриживме дека тоа му влијае на здравјето, меѓутоа дополнително изненадувањето беше тоа што воопшто не му е пореметена ниту една функција“, рекол д-р Ренато Форесто за медиумите, инаку еден од лекарите од оваа болница кој и го објавил научниот труд за пациентот со оваа ретка состојба.  

Анализите на крвта покажале дека бубрезите совршено му работат, а и дека општата здравствена состојба, ако се изземе ’рбетот, му е одлична. Оваа состојба се нарекува супернумерарен бубрег и е екстремно ретка, и засега во историјата се забележани само 100 вакви случаи. 

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...