Европската фудбалска организација (УЕФА) ги демантираше шпекулациите дека Европското првенство следната година може да се одржи само во една земја.
Иако првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, ја најави таа опција, а медиумите брзо „дознаа“ дека станува збор за Русија, брзо стигна и демантот од Нион.
„УЕФА ги вклучува сите свои напори да одржи турнир со навивачи во 12 земји“, велат од европската куќа на фудбалот.
Поради пандемијата на коронавирусот, ЕУРО 2020 е преместено за една година и ќе се одржи наредниот јуни. Токму поради целокупната состојба се стравува дека тоа ќе може да се одржи во 12 земји.