Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НОВИ КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ: Нина Ангеловска во одбор на директори на Телеком, Стојанче Ангелов директор на ЦУК

Владата ја одржа својата 17-та седница на која покрајдонесените мерки да угостителските објекти  работат до 21:00 часот, забраната за групирање на јавен простор започнува во 21:00 часот;, прифатената иницијативата недела да биде неработен ден, донесе и многу кадровски промени.

 На предлог владината Комисија за именувања, Владата на денешната седница ги донесе следните одлуки:

– Александар Ранѓеловиќ, да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Македонија Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници Македонија Транспорт АД-Скопје да го избере Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.

– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за  електронски комуникации  – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член,  Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови  на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

Владата се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД  за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.

Миле Сугарев да го разреши од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, а Стево Крстевски да го именува за в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.

Владата да даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување Македонија бр.02-4032/1 од 28.10.2020 година, со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски да го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди да го именува за в.д. директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Владата ја прифати оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање.

Елизабета Наумовска да ја именува за в.д. директор на Државниот испитен центар.

Владата ја прифати оставката на Аднан Џафероски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, на негово барање, а Стојанче Ангелов да го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и да го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство на Македонија, поради истек на мандатот за кој е именуван.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност на Македонија.

Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето да го именува Злате Симоновски.

Владата денеска на членовите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова да им утврди престанок на мандатот, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...