Кание Вест призна дека не се надева на победа во претседателската трка во САД.
Раперот во доцните часови во вторникот, кога прелиминарните резултати почнаа да се појавуваат во неколку држави, јавно го призна поразот.
„WELP KANYE 2024“, напиша тој на твитер, додека на фотографијата може да се види мапа, која ги покажува резултатите низ државите.

Иако знаеше дека нема шанси за победа, Кание Вест неколку пати изјави дека се кандидира за претседател и дека се надева на победа.
Раперот немал голема поддршка од семејството, па дури ниту неговата сопруга Ким никогаш јавно не го поддржала во оваа трка.
Останува да видиме дали во 2024 година, Кание Вест повторно ќе учествува во трката за претседател на САД.