Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Џафери дециден: СОБРАНИЕТО ЌЕ РАБОТИ САМО ВО САЛА, НЕМА ДА ИМА ОНЛАЈН СЕДНИЦИ!!

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска имаше виртуелна консултативна средба со европратениците како олеснувачи на Дијалогот Жан Моне, Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук.

Средбата беше во поширок состав, а беа поканети и вклучени и координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски, Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Кастриот Реџепи. На средбата беше и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Оваа консултативна средба имаше за цел обезбедување на ажурирање за спроведувањето на обврските преземени за време на третиот Жан Моне Дијалог на Собранието со Европскиот парламент во февруари 2020 година, како и за целокупната политичка клима и составот на парламентарните сили по изборите одржани на 15 јули 2020 година.

Тој информираше дека вонредната пандемија со КОВИД-19 наметна донесување вонредни одлуки од страна на Владата со оглед на тоа што Собранието беше распуштено во тој период и дека веднаш на првата седница беше отворено и прашањето за алтернативните начини на работа, со цел одржување на функционалноста и уставната надлежност а имајќи на ум дека, како што рече и претседателот Сасоли: „Демократијата не може да биде суспендирана во ваква драматична криза”.

Во таа насока, претседателот Џафери изрази благодарност и до него, и до Европскиот Парламент за безрезервната помош и за тоа што остануваат на располагање за споделување на добрите практики. Засега, рече претседателот Џафери, Собранието останува да работи со физичко присуство, се додека условите го дозволуваат тоа.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...