Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ТОЛКУ БЕШЕ АТИНА ОДИ ВО КАРАНТИН- Нема веќе кафе и јадење по ресторани!

Жителите на Атина, вчера, за последен пат имаа можност да се напијат кафе или пијалак во кафуле или пак, да јадат во ресторан или таверна, со оглед на тоа дека од денеска стапија на сила новите рестриктитвни мерки во траење од најмалку еден месец, поради што тоа задоволство ќе им биде скратено.

Во текот на вчерашниот ден зголемена беше раздвиженоста во центарот на Атина, како во текот на денот, така и во вечерните часови.

Сопствениците и вработените во угостителските објекти со кои вчера поразговара дописничката на МИА од Атина, коментирајќи ја одлуката на грчката Влада, изразија загриженост, неизвесност, но и страв за иднината на нивните бизниси и работни места и потенцираа дека за нив, ова е втор „удар“ за само неколку месеци.

– Постои страв за нашите работни места, непознато е кога повторно ќе отвориме, колку време ќе бидеме на принуден одмор, кога ќе ни биде исплатено за принудниот одмор и како ќе живееме додека да бидеме платени, бидејќи имаме семејства, деца. Ситуацијата е навистина многу тешка, објаснува вработен во таверна.

Кафулињата и угостителските објекти беа меѓу првите што принудно затворија во март годинава, уште  пред почетокот на целосниот карантин. На крајот на мај отворија, а сега, пет месеци подоцна, повторно стваат клуч на врата.

– Нема ништо полошо од второ затворање за само неколку месеци. Само што почнаа работите да се враќаат во нормала, сега повторно затвораме, вели сопственик на кафуле.

Вработен во таверна, што се наоѓа во центарот на Атина, во една од најпопуларните туристички населби, во разговор за МИА објаснува дека летниот период не може воопшто да се според со претходните години и поради намалениот број туристи.

– Летото беше лошо, имавме пад од 80 отсто од прометот, коментира тој .

Од друга страна се граѓаните, гостите во таверните, рестораните и кафулињата. Велат  дека иако новите рестрикции се за заштита на јавното здравје,но сепак коментираат дека затворањето на угостителските објекти може да има и контра ефект, доколку младите почнат да се собираат на плоштади и во паркови.

Според новите рестриктивни мерки што стапија на сила утринава, Атина е во едномесечен мини карантин, односно затворени се угостителските објекти, кафулињата, баровите, со исклучок на достава и „за носење“, музеите, театрите, кината, забранети се секаков вид собири, забрането е одржување конференции, дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството во европските натпреварувања, а се воведува и полициски час од полноќ до 5 часот наутро.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...