Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

“МАКЕДОНИЈА Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ И НАШ КЛУЧЕН СОЈУЗНИК” – вели Марк Брнс, советник на Претседателот Трамп

Марк Брнс, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на американските избори во ексклузивно интервју за Медиа.мк зборува за Американската политика на Балканот и во Македонија.

Брнс смета дека на Балканот постојат сериозни проблеми и конфликти подолг период и дека претседателот Трамп има фокус тие конфликти да се решат колку е можно поскоро, ставајќи приоритет пред се на економската и политичка соработка на Балканот каде САД има намера да земе свое учество во тие решавања. САД има стартешки партнери на Балканот, истакна Брнс, меѓу кои е и Македонија, и Трамп е силно заинтересиран за иднината на Македонија која, и преку НАТО, е во врвот на американските интереси.

  • Војската и мисијата на Северна Македонија е клучна стратегија за Америка. Значи, партнерството во НАТО на Америка со Македонија. Ние сме неизмерно благодарни за се што македонскиот народ прави за НАТО. И секако, без сомнение администрацијата на претседателот Трамп посакува и се стреми за силни економски односи со Македонија и со нашите сојузници во тој регион. Повторувам, посилна глобална економија, посилна економија во САД е посилна економија во Македонија. – вели Брнс во интервјуто.

Тој додаде дека е клучно Претседателот Трамп да биде реизбрани дека токму тоа треба да биде приоритет за Македонија.

  • Јас јасно гледам посилни трговски односи со Македонија. Но, во моментот наша главна цел, односно наш главен фокус е да се осигураме дека претседателот Трамп ќе биде реизбран . Ние неуморно работиме за да го потсетиме светот зошто претседателот Трамп  е приоритет и треба да биде приоритет и за Македонија. Треба да биде приоритет за сите наши пријатели, партнери во НАТО и да се осигураме дека ќе ја продолжиме мисијата на претседателот Трамп за САД и за глобалната економија. Така што, овие денови сме презафатени со тоа . Како што може да се уверите, ние со сите сили даваме напори со цел Претседателот Трамп да биде реизбран како 45ти претседател на САД. Тука мислам и на се што претседателот Трамп направи за Афро-Американците, за економијата во Америка, за зајакнување на нашите граници и на се што направи за зајакнување на нашите односи со НАТО сојузниците, вклучувајќи ја и Македонија. Ова ќе биде претседателски реизбор за Америка и за глобалната економија. – додава Брнс за медиа.мк

Тој пренесе и предизборна порака од Претседалот Трамп за Македонците во Соединетите Американски Држави.

  • На Претседателот Трамп му е потребна вашата поддршка како никогаш досега. Претседателот Трамп е претседател кој се залага за сите Американци, вклучувајќи ги и нашите Македонци кои живеат во САД.  Тие се столбот во нашата заедница со оваа нација.Претседателот Трамп, Републиканската партија и неговата администрација имаат потреба од Вас да излезете и да гласате, со цел да осигураме победа во Охајо, во Пенсилванија. Потребна ни е поддршка од Македонците во Флорида, во Северна Каролина, да излезат и да гласаат за претседателот Доналд Трамп , да го реизберат, како 45ти претседател на САД.” – одговори Брнс, кој подоцна додаде дека „силна Америка значи силна Македонија“!

Пастор Марк Брнс е познат мотивационен говорник кој често ја крева публиката на нозе на митинзите низ целата земја со приказни што инспирираат. Неговиот говор на Републиканската национална конвенција во 2016 година познат како „Сите животи се важни“ го инспирираше светот и добри пофалби од секаде.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...