10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЕВЕ ШТО ШВЕРЦУВА БУГАРСКИ КАМИОНЏИЈА кога патува за Европа (ФОТО)

Царинските службеници на Србија, во соработка со полицијата на граничниот премин Стрезимировци, спречија обид на возач на камион да прошверцува 500 пури наменети за пазарот во ЕУ, криејќи го под креветот во кабината на камионот, соопштија од српската полиција.

Овој необичен случај е откриен кога камион со бугарски регистарски ознаки пристигнал на влезот во Србија во текот на утрото за редовна царинска контрола.

Се работи за камион што се користи за превоз на автомобил, кој возачот го зел од Бугарија и заминал во Германија и Италија.

На прашањето на цариниците дали има нешто да пријави, 46-годишниот возач одговорил негативно, но деталната контрола што ја спровеле цариниците и полициските службеници ги демантирале неговите зборови.

Имено, веднаш штом започнал прегледот во кабината, се почувствувал ароматичен мирис на пури, кои наскоро биле откриени под креветот на возачот. Пронајдени биле 13 пакувања од разни бренодови.

Потоа, по детално пробарување на кабината биле пронајдени уште седум пакувања егзотични пури.

Вкупно биле пронајдени вкупно 498 пури во камионот, чија вредност се проценува на нешто повеќе од 8.000 евра, што надминува една третина од вредноста на камионот, возилото е привремено задржано до крајот на постапката.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести