10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Серија А со молба до италијанските власти: Не го запирајте калчото!

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, побара од италијанските власти да не бараат прекинување на сезоната во италијанската Серија А доколку владата донесе одлука за воведување карантин на територијата на целата земја.

Поради рекордниот број на новозаболени со коронавирусот, владата размислува за нов карантин низ целата земја. Оваа пролет ваквото ограничување доведе до прекин на фудбалскиот шампионат.

Гравина сега испрати писмо до министрите за економија и спорт со објаснување дека евентуална суспензија на калчото ќе доведе до големи финансиски загуби за целиот фудбалски систем во земјата. Досега ниту едно првенство во Европа не беше прекинато, иако многу други земји одлучија да се вратат во карантин.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести