9 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

НА ЦРНА ЛИСТА: Берлинска пиварница со шокантен потег

Берлинската пиварница „ Staendige Vertretung (StaeV)“ ги стави на црна листа германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за финансии Олаф Шолц и други политичари заради воведувањето на ограничувања како резултат на пандемијата. Одлуката ја донесе раководството на компанијата предводено од Јорн Питер Бринкман.

Во обраќањето објавено на Фејсбук, извршниот директор на пиварницата Биркман и неговиот деловен партнер Јан Филип Бубингер изјавија дека „политичарите не го искористија времето од април за да ја подготват земјата за вториот бран на пандемијата“.

Во исто време, оваа пиварница ги презеде сите мерки и разви концепт за заштита на гостите од инфекција со вирусот. Одлуката за затворање на угостителските објекти, според нив, е целосно нејасна и претставува чист акционизам.

Бринкман ги повика колегите – сопственици на ресторани и барови – да се обратат до него и да ги стават на црната листа одговорните за мерките што водат кон затворање на објектите.

„Staendige Vertretung“  е отворен во 1997 година во владината област Берлин. Нуди традиционална храна и светло пиво, произведено во Келн.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести