Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски: Не чекаат полоши времиња

Додека не очекува тежок период и уште полоши времиња со корона кризата, гледаме дека владата не знае како да се справи со ситуацијата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања од граѓаните на Фејсбук.

– Не очекува прилично тежок период поради неспособната влада, поради сето што таа влада нас ни го приредуваше во периодот помеѓу првиот и вториот бран.  Кога цела Европа се подготвуваше за вториот бран не уверуваа за некоја нова нормалност и дека знаат што прават, а во суштина гледаме дека бројот на заболените во овој втор бран за десеткратно е поголем од бројот на заболените кој беше во првиот.  За жал двоцифрена е бројката на луѓе кои го губат животот, а ни следува и економска шок бомба, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека од владата не знаат да дадат одговор на кризата,  бидејќи покажаа дека не само што не се кадарни туку и имаат незнаење.

– Затоа од ВМРО-ДПМНЕ предлагаме мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните. Сакаме да им помогнеме на граѓаните бидејќи гледаме дека тие се оставени на милост и немилост на една влада која се ја интересира, само не здравјето на граѓаните.  Побаравме да веднаш бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници, за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, да се формира специјална ковид комисија, но до овој момент освен игнорантскиот однос на власта нема никаков одговор од владата, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека овој втор бран кој е продолжеток на првиот кој никогаш не заврши ќе биде лош по иднината на граѓаните поради неспособните и игнорантски политики на владата на СДСМ и на политичката комисија за заразни болести.

– Никој не сносува одговорност, напротив надменост и нервоза кога треба мудрост и зрелост. Гледаме надменост и инает, и нервоза и затоа треба да се послуша опозицијата за се она кое би значело подобар квалитет во животот на нашите сограѓани, заклучи Мицкоски.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...