Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

КОНЕЧНО ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ПЛАН НА ТИТО – ЈУГОСЛАВИЈА НАЈМОЌНА ЕВРОПСКА ДРЖАВА

Многумина се уште ја паметат Југославија со носталгија, верувајќи дека тогаш животот бил безгрижен и побезбеден, додека други веруваат дека Југославија е вештачка творба која со децении на сила ги држеше  заедно и во единство, народите кои се многу културолошки, религиозно и етнички различни.

Како и да е, којзнае каква ќе беше судбината на Југославија, ако по некоја случајност се реализирал малку познатиот план на Јосип Броз Тито. Некои историчари веруваат дека Тито сакал уште територијално поголема и помоќна Југославија, која би била не само регионална, туку и светска сила.

Историчарката Сабрина Рамет вели дека СФРЈ под Тито требало да ги опфати пограничните области околу Југославија: Грција, Тракија, Албанија, Бугарија, барем еден дел од австриска Корушка, како и целата италијанска провинција Фурланија.  

Меѓу поддржувачите на планот за ширење на југословенската идеја биле монархисти и републиканци во периодот пред создавањето на Југославија во 1918 година. Можеби најнеобичната идеја од оваа мапа е дека Бугарија и Албанија се наведени како дел од Југославија.

Сепак, се наведува дека политичкото движење „Звено“ во Бугарија ја поддржале идејата за вклучување на Бугарија и Албанија во заедничката држава на Јужните Словени. Движењето учествувало во државен удар во Бугарија во 1934 година. Тие барале сојуз со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада за време на Втората светска војна ја поддржа идејата за создавање на Голема Југославија, како одговор на приемот на Бугарија во силите на оската.

По Втората светска војна, Тито објави дека Југославија бара права на Трст и цела Корушка, вклучително и австриската: „Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме да ја напуштиме привремено. Таа е наша и ќе се бориме за неа.“

Ако, случајно, се случеше ова неверојатно сценарио, Југославија ќе се протегаше од Клагенфурт до Истанбул.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...