Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДАМЧЕВСКА: Се’ освен победа во Штип, би било пораз на актуелното раководство

Екс пратеничката, делегат и една од Иницијаторите за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска со статус на фејсбук се обрати до членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ви го пренесуваме во целост објавеното на фејсбук профилот на Весна Дамчевска Илиевска:

“Се’ освен победа, на предвремените локални избори во Штип, би било пораз на политиките на актуелното водство на ВМРО ДПМНЕ.
Со бојкоти, калкулации и погрешни стратегии еве каде сме.
Колку си работат луѓето во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, колку се надеваат на светлина, што се најавува на секој протест на партијата, а толку голема леснотија да се откаже една можност за победа и отворање на нови перспективи за партијата и за Македонија.
Иако поднесов многу навреди, диригирани и злонамерни, не се откажувам од борбата да си ја видам партијата исправена и ослободена од двоен морал.
Голем е бројот на членови со кои го споделуваме истото чувство и желба.
Итно е потребно:
*Ослободување од борбата за лајкови и коментари по нарачка!
*Учество на локалните избори во Штип и победа!
И јас и сите членови кои не сме во милост заради разлики во мислењето и заради разни калкулации…копнееме за силно и моќно ВМРО ДПМНЕ, тоа право никој не може да ни го одземе!
ВМРО ДПМНЕ во кое и со кое ќе ни бидат полни срцата, без потценување, навреди и итарпејовски тегли полни со ветер и магла…
Слушнете не, не ни го убивајте духот” – пишува на фејсбук Дамчевска Илиевска.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...