Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и опстурира натчовечките напори на институциите и здравстените работници за справување со коронакризата

Соопштение за јавност од СДСМ

Во оваа сериозна ситуација, кога бројот на заразени со коронавирусот расте, а здравствениот систем и здравствените работници се под невиден притисок, Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, без трошка срам и одговорност излегува и критикува за набавка на болничко возило.

Што правеше ВМРО-ДПМНЕ 11 години?

Наместо да инвестира во болници и училишта, расфрлаше стотици илјади евра за жални врби, бикови, лавови и слични фикс идеи на бегалецот Груевски, а народните пари завршуваа кај неколкумина од врхушката на белата палата.

Да не беа нивните непродуктивни трошења и криминали, државата денес ќе имаше повеќе пари за справување со здравствената и економска криза, која го парализира целиот свет.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кризата ги кочи и опстурира натчовечките напори на институциите и здравстените работници за справување со коронакризата

Амбулантното возило, за кое обвинуваат, е обезбедено и до декември оваа година треба да пристигне во Струмичката болница.

Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија.

Во услови на кога пандемијата зема замав и здравствените системи на развиените држави тешко се справуваат со напливот на заразени, затоа сите граѓани треба да покажат солидарност и одговорност, да ги почитуваат протоколите, да носат маски и да не се групираат.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...