Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве каде завршуваат „крш“ автомобилите од Западна Европа – НЕ Е БАЛКАНОТ

Кај нас често може да се слушне мислењето дека добар дел од постарите или поновите половни возила од Западна Европа завршуваат на паркинзите на балканските земји. И токму тука грешиме! Постојат „кршеви од Запад“ кои дури и нашите пазари не сакаат да ги прифатат.

Каде завршуваат на пример половните автомобили од Германија постари од 14 или 15 години? Некои од нив сигурно завршуваат на балканските патишта, но тоа не е ништо според главната насока на извозот. И се, всушност, потсетува на чистење на дворот каде што ѓубрето се пренесува преку оградата, на соседот.

Контингентот кој оди за Африка, вклучува автомобили кои никогаш нема да се вратат на патиштата, но ќе ги остават таму на еден од големите паркинзи.

Според Програмата за животна средина на ООН (УНЕП), Африка е загадена од поплава отфрлени користени автомобили од индустриски развиени земји.

„Милиони користени автомобили, комбиња и минибуси извезени од Европа, Јапонија и САД во земјите во развој даваат значителен придонес во загадувањето на воздухот и ги попречуваат напорите за ублажување на ефектите од климатските промени“, се вели во последниот извештај на УНЕП.

Помеѓу 2015 и 2018 година, низ целиот свет биле извезени дури 14 милиони користени автомобили, од кои околу 80 проценти биле во сиромашните земји.

Повеќе од половина отишле во Африка, според авторите на студијата. Сепак, еден дел оди и во Источна Европа, Блискиот исток, Азија и Латинска Америка. Анализата покажа дека две третини од испитаните земји имаат слаби или многу слаби ограничувања на увозот на користени автомобили.

ООН повикуваат оваа практика веднаш да се прекине за да не се загрозат поставените климатски цели. Затоа е покрената иницијатива за утврдување минимални стандарди за увоз на користени автомобили.

Бројот на извезени возила испорачани од Европа се проценува на околу еден милион годишно.

На германскиот брег на Северното Море, терминалот за извоз на европски користени автомобили во Африка започна да работи пред само еден месец. Скоро 60.000 автомобили годишно ќе бидат испраќани оттаму во Северна Африка.

Холандија исто така се смета за важен центар во Европа. Повеќето од овие користени возила веќе не се регистрирани за сообраќај. Често се извезени во Нигерија и други западноафрикански земји, бидејќи никој во Европа не може да ги продаде.

Автомобилите се просечно стари од 16 до 20 години и повеќе не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови на Еуро 4. Се проценува дека дури 20 000 автомобили што годишно се извезуваат од Холандија во Африка, поради состојбата во која се наоѓаат, треба да завршат под преса за старо железо.

Економската конфедерација на западноафрикански земји – Ековас, штотуку објави нови стандарди за горива и користени автомобили, што се смета за можност за ограничување на европскиот извоз на автомобили.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...