Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најдобра мерка за борба против корона е оставка на Филипче

Филипче секој ден покажува дека може уште повеќе. Тоа го покажа пак со нов рекорд од 1085 новозаболено од корона во едно деноноќие, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Филипче Македонија ги руши сите рекорди. Во Македонија со Филипче бројката на активни случаи е скоро 10 илјади, а бројката на починати скоро илјада лица. Од политиката на Филипче, во која приоритет се тендерите и личниот интерес и интересот на тесен круг на луѓе од партијата, резултатот е видлив. Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред, велат од партијата.

Во партиското соопштение до јавноста стои и дека Ужуште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата.

-Филипче воопшто не се заинтересира за здравјето на најмладата популација и оние кои се грижат за нив и за нивното образование. Зошто Филипче правеше скрининзи на празно во мај, и не ги отвори градинките. Кога на Филипче не му текнува или можеби не знае, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски како на почетокот на кризата и сега му помагаат. Министре, правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно. Министре ваша е грижата за здравјето ма граѓаните, а ги оставивте само на себе. Министре доста со тоа дека не се почитуваат мерките, преземете одговорност! Најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски, додаваат од партијата.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...