23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

СТРАШНО: Урнати згради и во Грција, затрупани деца, се бројат загинати!

Момче (17) и девојче (16) починале откако на нив паднал ѕид во моментот кога земјотрес го погоди регионот на островот Самос. 

Како што пренесуваат медиумите, едно дете останало мртво на место, додека другото без свест и во тешка состојба било префрлено во болница каде и покрај натчовечките напори на лекарите, после половина час им подледгнало на повредите. 

Инаку, силниот земјотрес кој се почувствувал и во Атина и Турција, според првичните проценки бил со јачина од 6,7 по Рихтер. Потресот се случил малку пред 14 часот на грчкиот остров Самос, 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција. После првиот потрес следувале уште три со магнитуди 4,1, 4, 2 и 4,8.

Локалните медиуми пренесуваат за штетите на објекти и патиштата, додека според извештаите од Турција неколку згради во крајбрежниот град Измир се урнале како резултат на потресот. 

Ова е видео од рушењето на една од нив! 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести