6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Фаучи: Постигнувањето на природниот имунитет ќе значи многу страдање и смрт

Постигнувањето на природниот имунитет на стадото во САД би значело толку многу страдање и смрт во земјата што би било неприфатливо, рече главниот американски инфектолог Ентони Фаучи.

– Имаме само 10 проценти или повеќе од населението кое е веќе заразено и имаме 225 000 мртви. Ако сакате да добиете имунитет за 75 проценти од населението, само множете го тоа и видете колку ќе бидат мртви ако со природна инфекција се стекне имунитетот на стадото, рече Фаучи.

Како што објасни, сега е потребна комбинација на заштита предизвикана од вакцината и заштита на оние кои за жал веќе биле заразени.

– Затоа вакцината е толку важна за многу побезбеден пат до имунитетот на стадото, рече Фаучи, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој исто така ја истакна важноста за еднаква дистрибуција на вакцината.

– Прво ќе им биде дадена на здравствените работници, вработените во други важни услуги и ранливите групи на луѓе кои веќе имаат хронични заболувања.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести