Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Томислав Јотовски после повредата се врати со победа и го освои македонскиот Мастер

Томислав Јотовски е победник на „Цевитана Мастерс турнирот“ во тенис за мажи, кој се играше изминативе три дена на теренит на клубот „Југ“ во Скопје. Јотовски кој е член на Југ, до титулата дојде со убедливи победи во полуфиналето и финалето во кои за ривали имаше членови на клубот Неготино.

Во четвртфиналето, Јотовски загуби само еден гејм во средбата со Елвис Хусеиновиќ, потоа Томи во полуфиналето го доби дуелот со репрезентативниот колега Стефан Мицов со преубедливи 6-2, 6-0, а слично сценарио имаше и во финалет во кое Јотовски го надигра Иван Манасов со 6-4, 6-0.

Тениската федерација на Македонија за победникот обезбеди парична награда од 18.450 денари, а финалистот доби 11.070 денари. Мастерсот е турнир на кој играат најуспешните тенисери.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...