Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

12 вработени УКРАЛЕ 27 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЛОТАРИЈА

Дванаесет вработени и поранешен персонал на италијанската државна компанија за игри на среќа успеале да „пресретнат“ и да искешираат четири греб картички во вкупна вредност од 27 милиони евра во периодот од 2015 до 2019 година, а против нив е покрената истрага, соопшти денеска полицијата во Италија.

Полицијата извршила рации и претреси во куќите на осомничените кои се товарат за измамата, односно за нелегален пристап до компјутерски системи, примање украдена стока и перење пари од  нелегална добивка, пренесува Анса.

Како што се наведува, осомничените биле идентификувани благодарение на пристапот до ИТ системите, а готовината ја собирале со помош на роднини и пријатели, пренесува Танјуг.

Италијанската компанија за игри на среќа Лотоматика и помага на полицијата во истрагата.

најчитани вести

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...