Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

ФФМ од Владата и официјално побара брзи корона тестови!

Како што и доликува, најголемата спортска федерација во Македонија, прави големи напори со цел спортот, односно фудбалот воопшто да не замре. Посебно кога станува збор по стапување на сила на новиот општ протокол донесен од страна на Владата во кој се бара задолжително тестирање на Ковид-19, пред секој натпревар.

Со оглед на тоа дека цената, онаа актуелна, за вакви тестови за наши услови е доста висока, Фудбалската Федерација на Македонија и официјално побара од Владата, односно од Министерството за здравство, да се воведат брзи тестови како нешто што е задолжително пред секој натпревар, кои се многу поефтини.

Познато е, а СПОРТМЕДИА веќе информираше, дека викендов нема да има фудбал на домашната сцена, исто и ракомет, но и други спортови, а редовните натпревари од ПМФЛ и двете втори лиги се поместени за следниот викенд.

До тогаш ќе има доволно време некои работи да се усогласат на релација ФФМ – Министерство за здравство, зошто очигледно е дека ако остане на сила овој протокол со задолжителни тестови кои чинат околу 3.000 денари тешко дека клубовите во мак – фудбалот ќе можат да поднесат таков трошок.

И тогаш постои голема опасност фудбал да нема подолго време.

Инаку од ФФМ велат дека тие имаат намера за следното коло, кое ќе се игра наредниот викенд да ги платат сите тестови за нашите клубови кои ќе се натпреваруваат во Првата и двете втори лиги.

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...