Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТЕОРИЈА ЗА КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ НЕ ПОМИНУВА – Тврди научник кој два пати се самозаразил

Професор кој по втор пат се замозарази со коронавирус со цел да ја проучи ефикасноста на стекнатите антитела, вели дека надежите за создавање на „имунитет на стадото“ се попусти.

Д-р Александар Чепурнов (69) за прв пат се зарази со Ковид-19 во февруари за време на патувањето во Франција. Откако се опорави дома во северна Русија, без да мора да биде хоспитализиран, тој одлучи повторно да се  зарази за да го тестира стекнатиот имунитет.

Неговиот тим од Институтот за експериментална медицина во Новосибирск проучувал „како се однесуваат антителата, нивната сила и нивното задржување во телото“.
Научниците откриле дека клетките кои се борат против КОВИД-19 брзо се намалуваат. Д-р Чепурнов рече: „На крајот на третиот месец од моментот кога се осетив болен, веќе не можевме да забележиме антитела“.

Потоа тој беше намерно изложен на болни пациенти за да се процени веројатноста за повторно заразување.
Чепурнов додава: „Одбранбените системи на организмот пропаднаа точно шест месеци по првата инфекција. Првите знаци беа болки во грлото.

Неговата втора инфекција била потешка од првата и тој бил принуден да биде хоспитализиран.

Пет дена температурата ми беше над 39С. Го изгубив чувството за мирис и ми се смени чувството за вкус. На третиот ден од болеста, скенирањето на белите дробови не покажа никакви проблеми, додека три дена подоцна имав двојна пневмонија, рече д-р Чепурнов .

По студијата, тој дошол до заклучок дека надежите за да се победи пандемијата преку идејата за имунитет на стадото се залудни.

„Имунитет на стадто“ е идеја за општа заштита на заедницата со масивна бенигна (не тешка) инфекција што би предизвикала развој на заштитни антитела низ целата заедница.

Лекарот додава: „Затоа ни треба вакцина што треба да се користи неколку пати. Комбинирана вакцина (со нови комбинации на генетски материјал) нема да функционира.


Д-р Чепурнов претходно работел во биотехнолошкиот центар во Сибир, каде што се развива втората руска вакцина против коронавирус, позната како ЕпиВакорона.

Нејзините производители велат дека треба да се инјектираат повторени дози за да се одржи имунитетот.

Руската вакцина „Спутник V“ веќе се администрира на здравствени работници и други во клучните сектори, иако не ги заврши сите фази на тестирање.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...