Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТАЈВАН НЕМА ЛОКАЛЕН ПРЕНОС НА КОВИД-19 ПОВЕЌЕ ОД 5 МЕСЕЦИ – ЕВЕ КАКО

Додека голем дел од светот се бори да спречи нов бран на Ковид-19, Тајван штотуку го одбележа 200-тиот последователен ден без локално пренесен случај.

Одговорот на Тајван на пандемијата е еден од најефикасните во светот. Островот со 23 милиони луѓе последен пат пријави локален случај на 12 април.

Сојузната држава на САД, Флорида, која според бројот на жители е слична на Тајван, имала 4.188 случаи само во средата.

Тајван никогаш не мораше да донесе строги мерки или да прибегне кон драстични ограничувања на граѓанските слободи. Наместо тоа, Тајван се фокусираше на брзината. Властите започнаа да ги проверуваат патниците на директни летови од Вухан кога вирусот во голема мера не беше познат.

Тајван го потврди својот прв случај на 21 јануари, а потоа им забрани на жителите на Вухан да патуваат на островот. Сите патници кои пристигнале од Кина, Хонг Конг и Макао морале да поминат проверка. Сè се случи пред самиот Вухан да влезе во блокадата на 23 јануари. До март, Тајван забрани влез на сите странски државјани на островот (освен дипломатите, жителите и оние со посебни визи за влез).

Внимателно пребарување контакти

Сепак, Тајван има предности што ги немаат многу земји. Едната е географија – Тајван е остров, така што на службените лица им е полесно да контролираат влез и излез.

Тајван исто така имаше искуство со слична ситуација – откако страдаше од САРС во 2003 година, владата започна да работи на подобрување на својата способност за борба против пандемијата, рече тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву во интервју минатиот месец.

– Значи, кога слушнавме дека има некои случаи на мистериозна пневмонија во Кина, а пациентите беа изолирани, знаевме дека се работи за такво нешто, рече Ву.

Властите го засилија производството на маски за лице и заштитни средства, инвестираа во масовно тестирање и бараа контакти брзо и ефикасно.

Поранешниот потпретседател на Тајван, Чен Чиен-јен, кој по професија е епидемиолог, рече дека затворањето не е идеално. Чен исто така рече дека масовните тестови, како што се спроведени во Кина, се непотребни.

– Многу внимателно пребарување контакти и многу строг карантин за блиски контакти се најдобриот начин да се одржи Ковид-19 под контрола – рече тој.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...