Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НАТО со донација од 60 респиратори во вредност од 1,4 милиони евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна донацијата од 60 транспортни респиратори  од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемијата чија вкупна вредност изнесува 1,4 милиони евра.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ, како и италијанскиот заменик – амбасадор Алесио Ликори, одбранбеното аташе полковник Џузепе Монталто и директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку.

Министерката Шекеринска истакна дека оваа дополнителна медицинска помош која ја најави Генералниот секретар на НАТО уште на почетокот на месецот значи и директна помош на нашата држава со опрема која што е важна во оваа здравствена криза.

„Се работи за средства во износ од над 1,4 милиони евра коишто се донирани од страна на УСАИД и се дел од НАТО залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија, а стигнаа овде со авион со италијанското воздухопловство којшто беше финансиран од страна на Луксембург. Тоа значи дека неколку земји  членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да добиеме помош кога ни е најпотребна“, рече министерката Шекеринска. Додаде дека членството во најмоќниот воено политички сојуз значи дека тогаш кога ќе имаш најголеми проблеми, ќе имаш на кого да се потпреш.

Министерката порача дека токму денеска можевме да видиме зошто беше многу важно Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да видиме како овој воено политички сојуз, најмоќен на денешнината, значи солидарност, не само на збор, туку солидарност на дело.

Министерот за надворешни работи, Османи, се заблагодари за донацијата и посочи дека поддршката на НАТО има исклучително значење за нас како нова полноправна членка на најсилната Алијанса на светот.

„Коронавирусот е тука и е поопасен од било кога порано. Ова се тешки времиња кога помошта од нашите пријатели ни е повеќе од добредојдена – таа ни е неопходна. Искрена благодарност до земјите членки на НАТО, до Секретаријатот на НАТО, за оваа конкретна помош што ја примивме денес-донација која е одлично таргетирана, која е навремена, и како што реков – ни е неопходна за да ги засилиме нашите капацитети во борбата против КОВИД-19“, истакна Османи, додавајќи дека денешнава донација не е прва.

„Ние сме полноправна земја членка на НАТО и тоа се огледува во нашата вклученост во сите механизми и фондови за справување со пандемијата од вирусот КОВИД-19. Ова е втор пат како Република Северна Македонија добива помош преку Координативниот центар на НАТО за одговор на кризи“, истакна министерот Османи.

Министерот Филипче рече дека симболот на оваа здравствена криза е солидарноста. Тој рече дека сите земји помеѓу себе покажаа што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаење, но покажа и што е вистинската вредност на сојузите во коишто сме сега рамноправна членка.

„Дозволете да изразам голема благодарност до НАТО сојузот, посебно САД, кои од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема  без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза. Конкретно, станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантите од една болничка установа во друга – нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент“, информираше Филипче.

најчитани вести

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...