10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Најлошиот тренер во Јуве: Пирло добива “шут – карта“, Манчини е пикот на Ањели!

Дојде како легенда на клубот, дојде на местото на Маурицио Сари, и се чинеше како одличен потег, но Андреа Пирло просто разочара како тренер на Јувентус. Пирло е посочен како тренер кој има најлош старт во ерата на Андреа Ањели, од 2010 година па наваму. Резултатите се страшни, играта на Јуве е катастрофа. Бројките се доказ за тоа.

Луиџи дел Нери, Антонио Конте, Масимилијано Алегри и Маурицио Сари имале многу, многу подобар старт од Пирло како тренери на Јуве.

Токму затоа денеска во медиумите во Италија наголемо се пишува дека Андреа Пирло добива „шут – карта“, дека дури сега раководството на Јуве сфатило дека оваа фудбалска легенда нема ни одалеку квалитети за да води еден таков гигант.

Неофицијално, Андреа Ањели, првиот човек на Јуве како прв пик за тренер на клубот го има Роберто Манчини, актуелниот селектор на Италија и некогашен супер успешен тренер на Интер, Манчестер Сити…

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести