Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Му се јавила ПРЕУБАВА и ФАТАЛНА УКРАИНКА! Си размениле еден куп пораки, па му се случи неведен УЖАС!

Кога Британецот Колин Ор (40) преку една интернет страниц за запознавање се нашол со Украинката Олга Марченко, мислел дека тоа е љубовта на неговиот живот. Тој и Украинката размениле повеќе од 800 електронски пораки, илјадници пораки на WhatsApp, бројни телефонски разговори и фотографии. Колин за време на нивната врска на 32-годишната Олга и испраќал пари потребни за издржување на ќерката, со која живеела во украинскиот град Луганск.

После неколку месеци ’онлајн’ врска, Олга му признала дека би сакала да живее со него во Единбург. Колин веднаш и испратил пари, но кога дошло време во живо да ја види саканата, длабоко се разочарал. 

Олга требало со ќерката да слета на аеродромот во Единбург, а на Колин дури и му кажала како ќе биде облечена за полесно да ја препознае. Но кога дошол на аеродромот да ги земе, двете ги немало во авионот кој стигнал од Украина. Колин помислил дека нешто им се случило, па заминал во полиција, каде му било кажано дека таква личност постои и не е исчезната.

Колин тогаш сфатил дека фаталната Украинка го измамила и тоа за околу 2000 евра, кои тој и ги испратил за време на нивната врска. 

– Се разбира, дека на почетокот мислев дека можеби станува збор за измама, но после сите пораки и повици и се што поминавме заедно, мислев дека конечно си најдов некој за себе, рекол тогаш овој 40-годишник. 

Тој уште рекол и дека ви сакал да има шанса да зборува со неа и само да ја праша зошто го избрала токму него. 

– Само би сакал да ја прашам зошто баш јас. Од милион други мажи, зошто избра маж од работничката средна класа за од него да краде. Крваво работев и заработив кила, заради што морам да одам на операција, а се затоа што сакав нејзе и на ќерка и да им помогнам, рекол Колин кој со својот пример сакал да ги предупреди останатите да не им веруваат на сите што ќе ги запознаат на интернет.  

Иако од тогаш поминале три години, Колин се уште е слободен и си ја бара сродната душа. Моментално работи како готвач и добро му оди, а има и свој курс. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...