Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Македонија се ближи до 30.000 заразени и за жал до 1.000 починати – Детални бројки по општини

Вчера беа регистрирани високи 862 нови случаи на позитивни пациенти од коронавирусот во Македонија и 14 лица кои го загубија животот.

Вкупната бројка на  позитивни пациенти од КОВИД-19 во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 29558, а бројката на оздравени пациенти изнесува 19994. Досега во Македонија како последица на коронавирусот починале 977 лица, во моментов бројот на активни случаи изнесува 8587.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.   Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 49 пациенти, а на респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По градови состојбата е следна:

• Скопје 12753, активни 4138

• Куманово 2211, активни 361

• Дебар 331, активни 53

• Штип 1626, активни 246

• Прилеп 1227, активни 404

• Тетово 2078, активни 471

• Струга 814, активни 104

• Велес 639, активни 258

• Битола 637, активни 236

• Охрид 675, активни 217

• Кавадарци 471, активни 195

• Гостивар 1163, активни 178

• Гевгелија 357, активни 166 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 846, активни 471

• Крива Паланка 228, активни 81

• Радовиш 224, активни 79

• Крушево 25, активни 5

• Кочани 684, активни 211

• Пробиштип 184, активни 50

• Демир Хисар 81, активни 17

• Македонски Брод 104, активни 8

• Пехчево 60, активни 8

• Берово 201, активни 45

• Валандово 101, активни 39

• Виница 175, активни 65

• Делчево 242, активни 111 (56 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 46, активни 16

• Свети Николе 468, активни 7

• Кичево 531, активни 149

• Ресен 238, активни 60

• Неготино 138, активни 71 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје:

• Чаир – 198

• Гази Баба – 543

• Аеродром – 760

• Карпош – 610

• Центар – 573

• Кисела Вода – 510

• Ѓорче Петров – 351

• Бутел – 201

• Шуто Оризари – 37

• Студеничани – 16

• Сарај – 32

• Арачиново – 8

• Илинден – 7

• Сопиште – 36

• Чучер Сандево – 22

• Петровец –23

• Зелениково -13

• Странец – 27

• Нераспределен- 106

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...