Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО-ДПМНЕ!?

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше операција контролирана од Груевски, а крајната цел е еден ден тој да се врати на чело на партијата.

Ова во емисијата “Во Центар” која се емитува на youtube  каналот Vasko Eftov, го изјави првиот човек на партијата Интегра, Љупчо Ристовски. Според мислењето на Ристовски, Груевски има инструменти како да го контрилира Мицкоски. Тоа најдобро се виде кога се составуваа листите за пратеници за изборите на 15 јули а на тие листи не беше името на Христијан Мицкоски.

На сите погрешни политики на владата на Зоран Заев, Христијан Мицкоски има уште полош одговор. Тоа е дел од договорот меѓу Зоран Заев и Никола Груевски и е дел од пакетот за бегство на Груевски во Бидимпешта, вели Ристовски.

Ристовски вели дека има судски спор со Мицкоски, односно дека е тужен од лидерот на ВМРО ДПМНЕ за неговата изјава дека Мицкоски му рекол-јас сум уценет човек и немојте да сметата на мене во врска со протестите за одбрана на името.

Еве јас сега ја повторувам таа изјава вели Ристовски. Мицкоски во присуство на уште една личност буквално ми изјави дека е тој уценет човек, но дека исто така му е уценето и семејството, вело Ристовски во вечерашната емисија Во Центар.

Ристовски проценува дека ако има вето од Бугарија дека владата на Зоран Заев ќе падне и или ќе имаме широка влада или влада на национален спас. Третата опција за нови избори е помалку веројатна.

Целото интервју можете да го погледате на следниот линк:

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...