Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

УЕФА крои план за ЕП во три-четири градови, „Вембли“ може да го загуби финалето

Европската фудбалска куќа може да се откаже од оригиналниот план за организација на Европското првенство 2020 (односно 2021), па место во 12 градови да се фокусираат на три или четири градови. Според „Дејли меил“ најголемиот стадион во Англија „Вембли“ може да го загуби финалето, ако до следното лето во Англија стадионите не се отворат за фановите. Овој стадион по планот треба да биде домаќин на седум натпревари, од кои две полуфиналиња како и дуелот за трофејот. Ако нема да може да има публика, митскиот стадион ќе го загуби финалето, но ќе остане домаќин на некои мечеви од групите или раната нокаут фаза, пренесува „Дејли меил“.

Најголемата дилема на шефовите на УЕФА е дали државите (градовите) домаќини ќе можат да ги примат фановите и спонзорите на соодветните стадиони, затоа што тоа е важно како од финансиска, така и од емоционална и естетска гледна точка. Ситуацијата со КОВИД-19 во градовите и државите домаќини се следи постојано, па во најлошо сценарио ЕП ќе се одигра само во три или четири градови.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...