Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Туристите виновни за вториот бран Ковид-19 во Европа

Масовното движење на европските туристи решени да се релаксираат по укинувањето на блокадата ова лето е главниот виновник за вториот бран на коронавирус во Европа, изјави за „Еуроњуз“ здравствен експерт.

– Сите што возеа по автопатите во Франција во август, можеа да видат колони холандски приколки како се движат на југ, речиси како миграцијата на животните во Африка, рече Мартин МекКи, професор по јавно здравје на Факултетот за хигиена и тропска медицина во Лондон.

Беше неверојатно, додаде тој, и тоа не се случи во другите делови на светот.

Во некои случаи, Европејците го донеле Ковид-19 во земјите кои биле релативно недопрени во првиот бран на инфекцијата, како што е Грција, објаснува експертот.

 Во други случаи, вирусот беше вратен во земјите кои направија доста добро, како што се Германија и Австрија – истакнува МекКи.

Овој масовен егзодус на летните одмори е во суштина европски феномен, тврди тој и делумно објаснува зошто азиските земји, на пример, не виделе сличен драматичен втор бран оваа есен.

– Не гледате дека сите Американци се преселуваат во Флорида истовремено, на пример. Не гледате дури дека сите одат на плажите во Малезија или на кое било друго место во Азија истовремено – објаснува професорот.

Во рамките на Европа, земјите кои воспоставуваат робусни системи за наоѓање, тестирање, мониторинг, изолација и поддршка на заразените лица сега напредуваат нешто подобро во борбата против ширењето на коронавирусот, иако сите во моментов се борат.

Тој тврди, слично како и Европската комисија, дека континентот треба да се придвижи кон Европската здравствена унија, со заеднички пристап кога станува збор за следење и борба против инфекцијата.

– Разликите доведуваат до конфузија, особено кај луѓето кои се скептични – заклучува МекКи.

Додека некои се уште ја обвинуваат Кина, каде што избувна нов вирус и се прошири оттаму на целиот свет, за почетокот на пандемијата, младите некое време беа на списокот на „виновници“, а многумина ги обвинија за излегувањата и забавата, дека таму го зеле вирусот, а потоа го однеле дома кај родителите и постарите жители.

Земјите ширум Европа се соочуваат со зголемување на бројот на пациенти по укинувањето на блокадата на почетокот на оваа година.

Повеќето земји сега пријавуваат повеќе случаи секој ден отколку што беше случај во првиот бран во март и април.

Ситуацијата е особено драматична во Белгија, Франција, Германија, Чешка, Романија, Словенија, Хрватска, земји кои беа во голема мера поштедени од првиот бран.

Некои од нив решија повторно да преземат драстични чекори и воведоа полициски час, но и национална блокада, која започнува во Франција во петок, а во Германија на 2 ноември.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...