Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски продолжува да го понижува и потценува Митко Јанчев

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го опиша како дел од политичката естрада. Мицкоски потенцираше дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на економијата, земјоделието и здравствената криза за да се коментираат луѓе кои на полноќ им текнува да организираат протести.

Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која ќе ги победи СДСМ и Заев заедно со сите нивни политичари во политиката кои работеле против ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако имавме чесни избори ние денеска немавме да имаме вакви политичари, туку ќе имавме една нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ која што немаше ова да го дозволи затоа што СДСМ ќе добиеше дебакал класичен  на избори. ВМРО-ДПМНЕ  не победи на изборите затоа што тие беа украдени и кога се менуваше изборен законик, кога се делеа картички, злоупотреба на институции бев под жесток притисок да ја напуштиме изборната трка, но интересот на граѓаните и на државата е да останеме  затоа што нас не чека прва меѓувладина конференција. И кога се случи дебакалот во ДИК повторно бевме под притисок да не ги признаваме тие избори. Денес ќе ми речат зошто сте ги признале, зошто сте во Парламентот затоа што тоа е интересот на граѓаните. Ние повторно ќе го победиме СДСМ и Заев  и со сите нивни естрадни политичари  во политиката кои што работеа против ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Ова е втор директен напад кон Митко Јанчев од Христијан Мицкоски по најавите во емисијата “Во Центар” кај Васко Ефтов дека има амбиции за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но само на избори на кои би гласале сите членови.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...